Трипуновски: Со квази мерките на СДСМ не се решаваат проблемите на земјоделците

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска обвини дека „министерот Трајан Димковски и СДСМ преку евтин популизам и неефективни мерки се обидуваат да вршат класичен поткуп на земјоделците пред избори“.
-Наместо да се заангажираат и да најдат пласман на земјоделските производи, Владата и министрите во неа сакаат со квази социјални мерки да го купат македонскиот земјоделец за избори. На земјоделците не им треба милостињата на Заев, Димковски и Ангеловска. Земјоделците имаат потреба од организиран и сигурен пласман за нивните производи, работа која Заев ја ветуваше пред избори, а не ја исполни, но и високи откупни цени, кои исто така беа ветени, а сега никаде ги нема. Три години лажат и манипулираат со земјоделците, три години земјоделството е на апарати за дишење, изјави Трипуновски пред Владата.
Според него, Владата на земјоделците не им го дава ниту тоа што има законска обврска да го даде. Субвенциите доцнат, а неретко земјоделците се оставени без нив и по година или две.
-Се уште имаме неисплатени субвенции од 2017, 2018 и 2019 година. Ова е срамота. И тоа е работа која треба под итно да биде завршена. Барам итно исплаќање на заостанатите субвенции од минатите години. Земјоделците мора да ги добијат парите кои власта им ги должи. СДСМ многу зборува, а малку реализира. Со исплата доцнат и дополнителните мерки и мерките за обештетување на земјоделците од временски непогоди. Власта не мрдна со мал прст за земјоделците од скопско, преспанско, Росоман и други места каде што имаше природни непогоди. Мерката за „зелена нафта“ која на големо ја најавуваат, не им помага на земјоделците. Земјоделците со мерката добиваат ваучер од неколку стотина денари, пари кои ќе ги потрошат додека да ја однесат механизацијата од нивното населено место до најблиската бензинска станица за да наполнат гориво, и истата нема да има никаков ефект врз крајната цена на производот. Многу зборови, а нула реализација, рече дополнителниот заменик-министер.
Сите овие квази мерки кои ги предлага СДСМ, додаде, не го решаваат проблемот на земјоделците, туку само се обид за нивна манипулација.
Ново на Сител
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
