Трипуновски: Млад кромид и пиперка со пестициди се пуштени во промет, граѓаните јадат небезбедна храна
МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди.
Ова пред мене се доказите кои што денеска ќе ги презентирам пред македонската јавност.
Денеска објавувам уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија. Имено, станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во Република Македонија и веќе се наоѓаат на некој од пазарите ширум нашата држава.
Првите два извештаи направени во ДФЛ потврдуваат дека во анализите на млад кромид е детектиран недозволиво присуство на пестициди и овие два извештаи се архивирани под арховски број 10802-295/2 и 10802-296/2 од 22/05/2023 година.
Третиот и четвртиот извештај исто така издаден од ДФЛ се однесува на анализа направена на пиперка во која исто така е откриено недозволиво количество на остатоци од пестициди и овие два извештаи во интерес на вистината се со печат на министерството и архивирани под архивски број 10802-373/2 од 17/05/2023 и 10802-493/2 од 26/05/2023 година.
Овие четири документа кои што се пред мене се јасен доказ дека во промет е пуштен зеленчук кој е крајно небезбеден и отровен. И наместо веднаш да се реагира, АХВ праќа паушални соопштенија и се обидува да ја замајува јавноста.
Чиј бил интересот и колку може да биде забегана една влада свесно да пушта граѓаните да јадат небезбедна и отровна храна?
Власта е најодговорна за тоа што денеска граѓаните консумираат штетна храна. И оваа тема не познава ниту верска, етничка, а најмалку политичка припадност. Оваа тема ги засега сите подеднакво, од најмалите до највозрасните.
Николовски и Бабовски се главните виновници за овој голем скандал.
Им порачувам на АХВ и МЗШВ наместо да демантираат, веднаш да реагираат, а Бабовски и Николовски да си поднесат неотповикливи оставки од своите позиции. За ова во демократските земји паѓаат цели влади.
Воедно уште еднаш апелирам ЈО да не глуми ненадлежно и веднаш да реагира по допрен глас.
Одговорност за ова мора да има!
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор