Трипуновски: Ќе одвоиме 20 милиони евра на годишно ниво за враќање на системите за наводнување во функционална состојба
Владата и Министерството за земјоделство наредната 2025 година ќе започнат со спроведување на 10-годишната програма, со која 20 милиони евра на годишно ниво ќе бидат одвоени за инвестиции и враќање на системите за наводнување во една функционална состојба. Ова при денешната посета на Делчево го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуноски напоменувајки дека Владата и Министерството се свесни дека водата е битен елемент во земјоделското призводство.
-Ние не можеме да се надеваме на рентабилно производство ниту по квалитет нити по квантитет, ако немаме количина на вода. Не само во делот на истокот, речиси на целата територија ќе се работи засилено на враќање на системите во функционална состојба свесни дека е клучен елемент во земјоделското производство, рече Трипуноски.
Тој се осврна и на намалувањето на сточниот фонд како одговор на новинарско прашање што е планирано за да се ублажи состојбата со намалениот број на добиток.
-Бројките се лоши навистина е катастрофална ситуацијата, тоа е резултат на оние погрешни и задоцнети мерки кои ги правеше изминатата власт. За жал нашите полици се со увозно млеко, а нашето производство на месо, живина, свинско итн, е веќе преполовено. Ние ќе дадеме веќе од идната програма 2025 година зголемена поддршка, се со цел да го враќаме сточниот фонд, бидејќи мораме да обезбедиме домашна храна за нашите сограѓани и нормално како извоз на земјоделски производи, додаде Трипуноски.
Најави и редефинирање на програмата за субвенции со крајна вел да се стимулира зголемено производство.
-Нормално оние субвенции што ќе ги даваме ќе ги исплаќаме навреме, се со цел да бидат дополнително додадена вредност во делот на сточарството. Знаете дека со доаѓањето на власт ние веќе исплаќаме субвенции кои се од претходни години, дали е тоа за предадено јагне во кланични капацитети, дали за литар млеко кое што досега требаше да го имаат земено сточарите меѓутоа ние како Влада даваме веќе сериозен прироритет во делот на исплата на субвенции, ќе градиме мерки кои што ќе бидат долгорочни, додаде Трипуноски.
Во Делчево министерот оствари средба со производителите на сливи од Делчево, Берово и Пехчево на која информираше дека Министерството е во процес на креирање на дополнителни мерки кои ќе значат помош за производителите на сливи, со цел да се спаси оваа сезона, но и да се задржи активна оваа категорија на земјоделци.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион