Трипуновски: Инспекторатот да излезе на терен и да внимава на манипулации со класирањето на тутунот
Можам да кажам дека денеска на радост од иницијативата на градоначалниците од оние општини каде што имаме производство на тутун и тутунопроизводители се собравме во Могила на еден координативен состанок на кој што се разговараше за актуелната состојба со откупот на тутунот реколта 2021.
Она што го разменивме како информација од терен преку градоначалниците кои што го добиваат секојдневно тутунарите од нивните општини можеме да кажеме дека оваа година исто така се повторува втора по ред една кражба на македонскиот тутунар затоа што и оваа година со оваа цена која што во моментов се постигнува не може да се задоволат основните животни потреби, затоа што знаеме дека изминатиов период сета онаа неспособност на СДСМ како Влада донесе до инфлација на речиси на сите производи на живеачка.
На овој состанок исто така се дискутираше и се донесоа неколку заклучоци кои што градоначалниците во наредниот период ќе ги имплементираат. Јас би ги повторил на кратко, локалните самоуправи ќе се обратат до Државниот земјоделски инспекторат кој што е единствена надлежна институција за следење на откупот на тутун, кој што со своето присуство на откупните пунктови ќе бидат гарант дека нема да се прави манипулација со класирањето на тутунот кој што знаеме дека во минатото постојано се случуваше.
Второ градоначалниците ќе одржуваат постојани средби со здруженијата кои што гравитираат на ниво на локалната самоуправа се со цел да бидат благовремено и правилно информирани за текот и за состојбите со откупот на оваа стратешка култура во Република Македонија.
И третиот заклучок кој што е еден од најважните заклучоци ќе го реафирмираат барањето преку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го реафирмираат барањето за измена и за дополна на Законот за тутун и тутунски препарати со кои што ќе се бара забрана на увоз на тутун во Република Македонија се до завршување на откупот од домашното производство. Овдека морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ и пратениците во изминатиов период имаше ваква иницијатива меѓутоа за жал на глувоста на власта и едноставно себичноста, не сакаше воопшто и истиот закон да го стави на Дневен ред. Затоа денеска преку градоначалниците ќе се изврши уште еден дополнителен притисок врз власта за да овој закон се конечно најде на Дневен ред.
Знаете дека тутунарите се една од најголемите категории на земјоделци кои што егзистираат во нашата држава кои што покрај силниот економски ефект опфаќа и голема социјална категорија, едноставно ќе можат многу семејства, многу земјоделци да егзистираат и да ја преживеат оваа тешка година која што за жал со погрешните политики на СДСМ ги доведе на питачки стап.
Овде неминовно е да се потенцира дека покрај проблемите со откупот на тутун, во моментов имаме уште неколку отворени фронтови на разни категории земјоделци кои мака мачат со преживување на тешкиот и скап живот кој што го донесе СДСМ.
Да потсетиме дека во моментов и оризарите во кочанскиот регион имаат проблеми со продажбата и откупот на ланскиот ориз и оризот од оваа година, јаболкарите во ресенскиот регион имаат проблеми со пласманот на јаболката кои што исто така е на многу лошо ниво и практично нема откуп на овој земјоделски производ – едноставно сите овие политики и погрешни стратегии кои што ги имплементира СДСМ наоѓаат на една сериозна забелешка и еден сериозен револт од македонските земјоделци.
И она што на крај сакам да го потенцирам е дека навистина градоначалниците кои ваквите иницијативи ги преземаат ќе имаат силен ефект и притисок врз власта институционално да помогне на македонскиот земјоделец.
Ова не е за да се прави политика или политиканство, ова е сериозно, овие градоначалници кои ги гласале граѓаните и земјоделците во своите региони да преку својата институција наречена градоначалник и советот во општината во која гравитираат да едноставно упатат една критика, забелешка и насока како да се подобри целата оваа работа.
Поентата е да се достигне едно ниво каде што македонскиот земјоделец ќе има достоинствен живот како што едноставно заслужува.
Прес – конференција на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ѓаволот од бегство во куќен притвор
-

Бугарскиот парламент го усвои законот за буџет за 2026. во прво читање, претходеше тепачка во пленарната сала
-

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во четири општини
-

Јаневска: За забрзување на напредокот, во 2026 рекордни вложувања во науката
-

Новиот план за просторно планирање на државата во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година
-

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
-

Сиљановска - Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
