Бизнис
9. April 2020 - 19:30

Трипуновски бара исплата на заостанатите субвенции за земјоделците

Владата да ги искористи сите меѓународни контакти за да се обезбеди пласман на пролетната зелка. Ваков апел денеска од Струмица упати дополнителниот заменик министер за земјоделие Цвтан Трипуновски. Според него,  на овој начин ќе можело да им се помогне и на производителите, но и на откупувачите. Според Трипуновски,  во овој период на терен постојано треба да бидат и инспекциските служби кои ќе ги санкционираат откупувачите што не ја почитуваат договорената цена.

Наместо празни прес конференции,  во оваа ситуација треба да се помогне македонскиот земјоделец  бидејќи тој е оној  кој  треба да ја прехрани нацијата, вели Трипуновски. Според него,  сега не било време ниту за политика, ниту за политикантство, туку да се носат правилни мерки. Предлага и исплата на сите заостанати субвенции од минатата година.

Дополнителниот заменик министер за земјоделие предлага  и сите непродуктивни трошења од ставките на програмата за руралниот развој да се пренаменат во исплата на субвенции од претходни години. Најави дека неговите  предлози за поддршка на земјоделството во  писмена форма ќе и ги достави и до владата.