Трипуноски: Директни средби со земјоделците за подобро производство
Само преку директни средби може да се слушнат вистинските проблеми на земјоделците и да се изнајдат начини за подобрување на производството, рече директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуноски по денешната посета на Општина Ново Село.
Трипуноски се сретна со земјоделците на неколку локации, во општината, во училиштата во Смоларе и Колешино, во Домот на културата во Мокриево, како и во месната заедница во Зубово.
- Токму на ваквите средби некогаш излегуваат и соодветни решенија. Таков беше примерот со скратувањето на рокот за исплата од откупот на винското грозје и останатите градинарски производи, објасни Трипуноски.
Пред почетокот на откупната сезона на градинарските производи, Трипуноски рече дека будно се следи откупот на пролетната зелка, со цел да бидат испочитувани сите мерки и законски одредби за заштита на земјоделците и нивното производство.
Денешната посета е во рамки на акцијата на директорот на Инспекторатот за посета на земјоделци во општините низ Македонија.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал