-->
-->
Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа во кумановско Черкези
-->

Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези.
Сообраќајната несреќа, како што наведуваат од СВР Куманово, се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од дваесет и четиригодишниот Ф.С. од Куманово и електричен тротинет управуван од тринаесетгодишниот малолетник од село Черкези.
-По несреќата, малолетникот бил пренесен во општата болница Куманово каде лекар констатирал смрт. Во 21:20 часот во шолициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода-наведуваат од кумановската полиција
Јавен обвинител од основното јавно обвинителство (ОЈО) и увидна екипа од СВР Куманово извршиле увид.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
-

85-годишна жена го загуби животот во пожар во семејна куќа во Пинтија
