Тринаесет мигранти загинаа во Егејското Море
Најмалку 13 мигранти, меѓу кои шест деца се удавија денеска во Егејското Море, покрај грчкиот брег, кога се превртеа два мали брода, кои отпловиле од турскиот брег кон Грција, соопшти грчката крајбрежна стража.
Едната трагедија се случила покрај островот Самос, кога се превртел брод на само 20 метри од брегот.
Пронајдени се десет тела, во кабината на бродот, меѓу кои на шест деца, вклучувајќи четири бебиња, додека телото на последната жртва, млада девојка, испливало на островот, каде десетици бегалци деновиве ги загубија животите обидувајќи се да стигнат до Европа.
Двајца други мигранти се водат како исчезнати, а крајбрежната стража наведува дека 15 лица извадила од водата.
Брод на Фронтекс исто така пронашол две тела во близина на островот Фармакониси, во близина на Самос. Фронтекс спасил тројца мигранти, кои изјавиле дека чамецот во кој биле превезувал 15 лица, кога потонал во турските води.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите