Тринаесет лица приведени во Турција за навреда на Ердоган на прославата на Денот на жената
Турската полиција уапси 13 лица кои учествуваа во маршот по повод Денот на жената поради наводна навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија денеска тамошните власти.
Илјадници демонстранти маршираа низ улиците на Истанбул во понеделникот за да го осудат насилството врз жените во Турција, каде минатата година беа убиени повеќе од 400 жени.
За разлика од претходните години кога полицијата разби слични демонстрации, маршот заврши мирно.
Сепак, полицијата подоцна ги разгледа видеата од протестот и приведе 13 лица, вклучувајќи и малолетничка која учествувала на протестот, соопшти канцеларијата на гувернерот на Истанбул.
Во соопштението е наведено дека тие се уапсени за извикување „пароли“, но не беа дадени детали.
Локалните медиуми објавија дека лицата се приведени за навреда на претседателот Ердоган.
Навреда на претседателот е кривично дело во Турција за кое е предвидена казна затвор до четири години.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
