Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски
13 години затвор доби обвинетиот Насер Ешрефи за убиството на Ангел Петковски пред речиси 7 години во населбата Ѓорче Петров.
Според судот, обвинетиот е виновен бидејќи со умисла го сторил кривичното дело. Останува во притвор до правосилност на пресудата. Адвокатката на обвинетиот Иванка Јакимовска не ја коментираше пресудата, најави жалба за висината на казната.
Незадоволни од висината на казната се и родителите на убиениот Ангел, кои сметаат дека е премала и најавија жалба. Со солзи во очите, реагираа дека ништо не може да го врати нивниот син,а се прашуваат и со кое право обвинетиот му го одзел животот на Ангел.Убиството на тинејџерот, се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ешрефи од скопското село Грчец.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-

НАТО забележува пораст на руските хибридни напади
-

Сослушани сведоци на обвинителството и одбраната во случајот против судијата Ѓоко Ристов
-

Преку забрзување на реформите и координација меѓу владите, парламентите и политичките чинители до поскоро членство во ЕУ
-

45 дена затвор за скопјанка која со „Мерцедес“ двапати прегази куче во Улцињ
-

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ со низа настани го одбележува Светскиот ден на сепсата
-

Нафтата и природниот гас повторно со повисоки цени, Брент веќе е над 107 долари за барел
-

Организаторите на УС опен ја казнија Сабаленка со 7.500 долари
-

4/4 за Рома и нова победа за Комо
