Живот
4. May 2017 - 10:48

Tрикови за како да ја намалите потрошувачката на гориво

Придржувајќи се до малите правила на возење и одржувајќи го редовно автомобилот, ќе трошите помалку гориво. Во исто време, ќе продолжите векот на вашиот миленик.
 
За потрошувачката на гориво не е сеедно колку е тежок автомобилот, дали се гумите под адекватен притисок, со која брзина возите и останато.
 
Овде има 10 примери како можете да ја смалите потрошувачката на гориво, а да не возите ништо помалку од вообичаеното.
 
1. Внимавајте на притисок на гумите
 
Притисокот во гумите е многу важна работа, па редовно проверувајте го и држете се до пропишаното. Ќе заштедите до пет проценти гориво. Гумите со пренизок притисок предизвикуваат предизвикуваат поголема потрошувачка, затоа што имаат поголем отпор на движењето.
 
2. Редовно менувајте ги потрошните делови
 
На автомобилот редовно менувајте му ги потрошните делови. Редовно менувајте го моторното масло. Валканите свеќици, затнатите филтри и слично, ја зголемуваат потрошувачката на гориво. Со одржување автомобилот, можете да заштедите дури четири проценти гориво.
 
 
3. Работењето во празно троши гориво
 
Гасете го моторот ако видите дека негде ќе стоите подолго од минута, на пример пред семафор во поголемите колони. Така ќе заштедите повеќе гориво затоа што автомобилот, иако мирува и кога работи во празно троши гориво.
 
4. Намалете го греењето/ладењето во автомобилот
 
Доколку се возите на кратки релации не го уклучувајте греењете во автомобилот. Додека да се загрее, веќе ќе стигнете кај што сте тргнале. На подолги релации греењето држете го на пониски температури. Греењето со клима може да ја зголеми потрошувачката за околу три проценти. Истото важи и за ладењето.
 
5. Лошите гуми носат поголема потрошувачка на гориво
 
Изберете квалитетни гуми. Иако се поскапи, долгорочно ќе ви се исплати, затоа што гумите имаат влијание на движењето на автомобилот. Поради лошите гуми, а со тоа и отежнатото движење по асвалтот, автомобилот ќе троши повеќе, затоа што треба повеќе енергија за движење.
 
gumi
 
6. Извадете го багажникот на кровот
 
Ако има багажникот на кровот на автомобилот, тргнете го кога не ви треба, затоа што така возилото ќе поаеродинамично и ќе троши околу 5 проценти помалку гориво. Отворени прозори на брзина поголема од 50 километри на час, створуваат отпор и ја зголемуваат потрошувачката.
 
7. Не го полнете резервоарот до врв
 
Ако е полесен, автомобилот ќе троши помалку гориво, затоа што ќе му треба помалку енергија за движење. Погледнете дали во возилото имате некои работи кои не морате баш секој ден да ги возите со себе.
 
Тргнете се непотребно, затоа што со секој тргнат килограм ќе штедите на потрошувачката на гориво. Исто така не го полнете резервоарот до врв, затоа што автомобилот и тука ќе добие на тежина. На секои 50 килограми, потрошувачката се зголемува за еден до два проценти.
 
8. Внимавајте на вртежите на моторот
 
Смалете ја брзината. Идеална брзина за заштеда е помеѓу 75 и 90 со менувачот подесен во петта брзина. Внимавајте вртежите на моторот да бидат на 2.000 за автомобилите на дизел или 2.500 за бензинците.
 
9. Забрзувањата трошат 20 проценти повеќе
 
Возете помирно со што помалку кочење и забрзувања, затоа што наглите забрзувања трошат повеќе од 20 проценти гориво, во однос на сталожената вожња. Следете ја ситуацијата пред себе и пред кочење пуштете ја гаста. Кога тргнувате, полека сриснете гас.
 
10. Со темпомат одржувајте ја брзината
 
Темпомат е добра работа кога е заштедата во прашање. Ја одржува константната брзина, а тоа е доста важно за заштеда. Но тоа вреди само на рамен пати или надолнина. Не користете на угорница, затоа што така се зголемува потрошувачката на гориво.