-->
-->
Тригодишно дете и жена каснати од кучиња скитници во Скопје
-->

Уште две лица се искасани деновиве од кучиња скитници во Скопје.
Како што информира МВР, вчера во 13 часот тригодишно дете било каснато за левата нога од куче скитник на улицата „Маџари“ во Скопје. На детето му била укажана лекарска помош во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Случајот во Полициската станица Гази Баба синоќа го пријавил таткото на детето, Љ.А. (41) од Скопје.
Во вториот случај, на булеварот „Трета македонска бригада“, А.П. (38) од Скопје била касната од куче скитник.
Случајот бил пријавен вчера во 10.55 часот во Единицата за информации и команда Скопје од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
