Трифонов: Над 100.000 граѓани во Северна Македонија се плашат да се наречат Бугари
![]()
Ако Северна Македонија сака да биде дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора слободно да се дефинираат, напиша лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов на својот Фејсбук профил, пренесува БГНЕС.
Тој реагира на официјалните информации на Државниот завод за статистика за пописот во земјава.
– При објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на службата изјави дека тие ги претставуваат само етничките заедници кои се дел од македонскиот устав. При пописот во Северна Македонија само 3.504 граѓани се изјасниле како Бугари, т.е. Бугари скоро и да нема. Сепак, повеќе од 100.000 бугарски пасоши се издадени на граѓани на Северна Македонија. Само во последните две години, кога светот беше затворен од пандемијата, бугарски пасоши добија 16.692 граѓани на Северна Македонија. А, според законите во Бугарија, државјанин на Северна Македонија за да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен, пишува Трифонов и додава:
„Така, над 100.000 граѓани на Северна Македонија ги докажуваат своите бугарски корени во Бугарија, а во Македонија се плашат да се нарекуваат „Бугари“.
Тој прашува зошто во една нормална, европска земја, како што тврди Северна Македонија, човек би се плашел да каже што е тоа?
– Затоа што ова не е нормална, европска земја. Зборувам само по логика – ако Северна Македонија сака да биде нормална, европска земја, т.е. за да бидат дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени. Така што моето мислење е дека додека тоа не се случи, Северна Македонија едноставно ќе биде дел од Западен Балкан – вели Трифонов.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
-

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026
-

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
-

Возел мотор на едно тркало низ Штип: Полицијата го пронајде 16-годишникот по видео на социјалните мрежи
-

По 23 години пронајден легендарниот автомобил на Пол Вокер од „Брзи и бесни“ – бил скриен во гаража во Њујорк
