Триесетдневен притвор за 29-годишник заради трговија со дрога
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 29-годишен жител на село Дуброво, Неготинско, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– При претрес на домот и помошните простории во местото каде живеел осомничениот, извршен на 5 ноември 2020 година, овластени службени лица пронашле 39.533,4 грама наркотична дрога марихуана. Дрогата која осомничениот ја подготвил за продажба, била спакувана во 41 пакување во најлонска фолија, залепени со бела трака и скриени на повеќе места во близина на домот на осомничениот, во помошна просторија – шупа, информира Јавното обвинителство.
Поради постоење на околности кои укажуваа дека притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, постоње на околности кои укажуваа на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерката притвор.
Судијата на претходна постапка од Основниот суд Кавадарци го прифати предлогот на обвиниетлството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
