Триесет отсто повеќе смртни случаи во Шпанија во однос на претходниот ден

За 24 часа во Шпанија се регистрирани нови 394 смртни слулаи, што е драстичен скок на бројот на починатите за 30 отсто, соопштија здравствените власти. Од Ковид-19 досега во Шпанија починаа 1720 лица.
Бројот на новозаразени за едно деноноќие во Шпанија се зголеми за 3466 лица, или 14,6 отсто и сега изнесува 28.572 заболени.
Здравствените власти предупредуваат дека во следните денови бројот на заразени драстично ќе се зголемува.
Земјата веќе се соочува со недостиг на болнички легла, со оглед дека на одделите за интензивна нега сместени се 1.785 пациенти.
Шпанскиот премиер Педро Санчез предупреди дека епидемијата во земјата, која веќе е една од најголемите во светот, ќе продолжи да се шири и да се влошува.
– Треба да се подготвиме емотивно и психолошки за оние тешки денови што претстојат, изјави тој во телевизиското обраќање до нацијата.
– Ние допрва ќе претрпиме штета од најсилната и најголема епидемија, што ќе ги тестира нашите материјални и морални способности, како и нашиот дух како општество, додаде тој.
Ново на Сител
-

Животните навики на родителите пред бременоста влијаат врз здравјето на детето, тврдат белгиски лекари
-

Енрике пред дербито со Баерн: Тешко ни е да победиме на два, три или четири натпревари по ред
-

Барселона за Халанд го нуди Олмо плус пари
-

Сабаленка и Кирјос ќе имаат „Битка на половите“ во декември
-

Антарктички глечер со најбрзо повлекување во современата историја
-

До четврток магливо, потоа со локален дожд
-

Заедно седеле и пиеле но се скарале па половина час го тепал со шипка, детали за убиството во Дојран
-

Физичка пресметка во Неготино завршила со повредена девојка и приведени три неготинки
