-->
-->
Триесет кандидати за Златната топка
-->
Објавени се имињата на 30 фудбалери кои конкурираат за престижната „Златна топка“.
Кристијано Роналдо и Лионел Меси и оваа година се најсериозните кандидати за освојување за една од најпрестижните индивидуални награди во светот на фудбалот.
Од 2007 година само Бразилецот Кака успеа да им ја „земе“ оваа награда на Роналдо и Меси. Аргентинецот е рекордер со освоени пет „Златни топки“.
На листата се наоѓаат и Џејми Варди и Ријад Марез играчи на сензационалниот англиски првак Лестер, како и најдобриот стрелец и играч на Европското првенство Антоан Гризман.
Комплетната листа: Серхио Кун Агуеро (Ман.Сити), Пјер-Емерик Обамејанг (Дортмунд), Герет Бејл (Реал), Џиџи Буфон (Јувентус), Кевин Де Брујне (Ман.Сити), Паоло Дибала (Јувентус), Диего Годин (Атлетико), Гонзало Игуаин (Наполи/Јувентус), Антоан Гризман (Атлетико), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ/Ман. Јунајтед), Андрес Иниеста (Барселона), Коке (Атлетико), Тони Крос (Реал), Иго Љорис (Тотенхем), Ријад Марез (Лестер), Лионел Меси (Барселона), Лука Модриќ (Реал), Томас Милер (Баерн), Руи Патрисио (Спортинг), Мануел Нојер (Баерн), Нејмар (Барселона), Роберт Левандовски (Баерн), Димитри Паје (Вест Хем), Пепе (Реал), Пол Погба (Јуентус/Ман.Јунајтед), Серхио Рамос (Реал), Луис Суарез (Барселона), Крстијано Роналдо (Реал), Џејми Варди (Лестер), Артуро Видал (Баерн).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања
-
Онколошки пациенти повторно останаа без биолошка терапија – повеќе пари или подобро планирање?!
-
Трговците се алчни и не ги намалија цените со „Новогодишната кошница“, кажа Трендафилов
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип