Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
Триесет и девет организации и една европска мрежа со 15 организации-членки, доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт-одлуката за впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност.
„Имајќи го предвид степенот на досегашната деструкција, итната потреба за реставрација на природните и културните вредности на подрачјето, екстремно загрижени поради сите сеуште нереализирани (но усвоени/одобрени) планови и проекти и реалната опасност за неповратно губење на интегритетот и автентичноста, бараме Комитетот за светско наследство на својата 47 сесија во Париз, Франција, да го заштити и зачува Охридскиот Регион за сите идни генерации, со тоа што ќе ја усвои нацрт-одлуката за негово впишување во Листата на светски наследства во опасност“, се наведува во писмото доставено до УНЕСКО.
Документот е парафиран од 17 организации од Македонија, 13 од Албанија, една европска мрежа од 15 организации и девет организации од Хрватска, Србија, Бугарија, Австрија и Обединетото Кралство.
Инаку, овие денови во Париз се одржува 47-та Сесија на Комитетот за светско наследство. Во следните неколку дена Комитетот по трет пат ќе гласа дали Охридскиот Регион ќе биде поместен Листата светски наследства во опасност.
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение