Трибина за босанскиот јазик во Институтот „Крсте Мисирков“
Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ кои почнаа вчера, денеска од 10 часот продолжуваат со трибина „Јазиците на Балканот: босански јазик - состојби и перспективи“.
Како што соопштија од Институтот, трибината е прва од тие што ќе ги организираат во иднина. Идејата е секоја година во рамки на отворените денови да се организира трибина за јазикот на некоја од етничките заедници кои се застапени во Уставот на Република Македонија.
На трибината за босанскиот јазик ќе учествуваат осум професори од Институтот за јазици на Универзитетот во Сараево и директорот на таа научна установа, Ален Калајџија.
Во рамки на настанот ќе биде промовирана стихозбирката „Мостови пријатељства“ и ќе има програма за стручно усовршување на наставниците кои предаваат босански јазик.
Трибината со воведни обраќања ќе ја отворат Елена Јованова-Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик, и Милутин Станчиќ, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јзиците на етничките заедници на Република Македонија.
Ново на Сител
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин