Македонија
23. February 2018 - 8:20

Трибина за актуелните аспекти на книжевната критика

 Друштвото на писателите на Македонија и Институтот за македонска литература при УКИМ денеска напладне ќе организираат трибина за актуелните аспекти на книжевната критика. На трибината насловена „Критиката - актуелни аспекти“ ќе учествуваат критичари, есеисти, универзитетски професори, теоретичари и писатели.

- Повод за дискусија е објавувањето на зборникот „Критика и молк: читање на македонската литература и култура“ со трудови од меѓународната научна конференција што Институтот за македонска литература ја одржа во МАНУ минатата година, соопшти ДПМ.

Во зборникот се објавени искажувањата на педесетина македонски и странски проучувачи на литературата и културата, професори и критичари од повеќе академски центри и проследувачи на книжевноста и уметностите од македонската културна сфера.