Македонија
10. May 2024 - 16:46

Трибина: Состојбите во современиот македонски јазик

Состојбите во современиот македонски јазик, како и неговата употреба во наставата беа главни дискусии на денешната трибина, која традиционално се организира по повод 5 мај – денот на македонскиот јазик.

Малиот број на студенти за македонски јазик е горливо прашање низ годините. Младите немаат голем мерак да поминат четири години изучувајќи ги овие студии, оти потоа вработувањето е тежок животен предизвик. Но, надлежните велат дека се фокусираат на квалитет, а не на квантитет.

Очекувањата се дека следната година, ситуацијата ќе се подобри, а бројот на студенти ќе се зголеми,  oткако на сила стапи новиот Закон за употреба на македонскиот јазик.

Овој закон предвидува вработување на лектори во јавни државни и други институции, но и лекторски услуги во приватниот сектор. Експертите од областа очекуваат ова да биде еден голем поттик за изучувањето, но и студирањето на македонскиот јазик.