-->
-->
Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Берово
-->
Во Македонија за период од девет години, според статистичките податоци, бројот на вработени пораснал за над 150 илјади вработени. Односно бројот на вработени во 2006 год. изнесувал 560 илјади, додека во оваа година, тој изнесува над 711 илјади вработени. Ова го истакна министерот за здравство и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодорв, на трибината на партијата „На Македонија и треба твојата идеја“ која се одржа вечерва во Берово.
- Тоа е сериозен раст на вработеноста. Тука има многу фактори, многу во таа насока помогнаа индустриските развојни зони, деловната клима со која се овозможи Македонија да биде една од најдобрите бизнис- дестинации прогласена од Светската банка, инвестициите во земјоделството кои овозможи многу луѓе да се самовработат, мерките за вработување, како и проектот Македонија вработува, истакна Тодоров.
Тој рече дека бројот на невработените во истиот период се намалил за 13 проценти, или во 20016 бил 39 проценти, додека денес бројот на невработени изнесува 25, 5 проценти.
Тодоров го истакна и значењето на проектот, актуелен од ВМРО ДПМНЕ, со кој оваа партија ги бара идеите на граѓаните, нивните предлози, кои ќе се најдат во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за наредниот период од 4 години. - Никогаш не сме сакале да ставаме розови наочари и да велиме дека сѐ во Македонија е добро, ниту пак, некогаш сме ветиле дека сите проблеми во државата ќе ги решиме. Секогаш сме биле внимателни во давањето на ветувањата, посебно пред и за време на изборите. Оваа политичка гарнитура предводена од Груевски воведе еден нов концепт на македонската политичка сцена, а таа е претставување пред македонскиот народ со програма, што ветуваме дека ќе направиме доколку ни ја дадат граѓаните довербата.Тоа е програма која јавно ја објавуваме каде се содржани решенија за проблеми или проекти и содржат буџет, рок на извршување. За да не се заборават ветувањата, ние излегуваме со програма, а потоа со отчет пред граѓаните за да покажеме што сме ветиле, а што сме оствариле, рече Тодоров, кој претходно присуствуваше и на трибина на ВМРо-ДПМНЕ во Пехчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди јужниот дел на Филипините
-
Без струја корисници на улиците „Будимпештанска“ и „Урош Џудовиќ“ во Карпош
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура ќе достигне до 22 степена
-
Трамп: Ја завршивме војната во Газа
-
Од 8:30 часот утре без вода жителите на третата зона Припор и на улицата Виктор Иго и околните улици
-
Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа
-
Путин: Искрено се надевам дека ќе биде спроведен планот на Трамп за Појасот Газа
-
При претрес пронајдени се дрога и куршуми, кривична против четири лица од Скопје