Трибина „Информации за пазарот на трудот“ на АВРМ со студенти од БАС-Битола
Претставници на Агенцијата за вработување на Република Македонија-АВРМ и Бизнис академија Смилевски-БАС денеска во Битола одржаа трибина на тема „Информации за пазарот на трудот“ и улогата на кариерниот центар во институциите.
Според Мимоза Јанкуловска и Славица Грујо, професионалци од АВРМ-Центар во Битола, ставањето во функција на кариерниот центар како единствен од таков вид во државата освен што го оправдал неговото постоење туку и го зголемил бројот на нови вработувања.
- Центарот за кариера кој работи во состав на АВРМ во Битола е посебен предизвик за млади невработени лица на возраст до 29 години кои секојдневно бараат информации за пазарот на трудот. За сите нив посебен предизвик се курсевите за усовршување на нивниот профил и често се одлучуваат за подобрување на своите вештини кои ги добиваат бесплатно, а потоа полесно се вработуваат, истакна Јанкуловска на трибината во БАС-Битола.
Претставниците на Центарот на АВРМ во Битола истакнаа дека над 50 проценти од посетитетелите во нивниот Центар за кариерен развој успеале да се вработат и притоа очекуваат директна соработка и со кариерниот центар на БАС-Битола кој е прв од таков вид во академската заедница.
- Кариера, тое е широк поим и не подразбира само напредување во работата туку и нудење на личните квалитети во функција на заедницата. Нашите истражувања покажаа дека голем број од компаниите и институциите на посветуваат доволно внимание на кариерниот развој, но затоа сме ние тука преку нашиот Центар да им помогнеме на студентите и да ги насочиме, да ги поврземе со АВРМ и секако да се обидеме да креираме модел на унифициран кариерен центар, истакна професорката Дијана Дамевска, раководител на кариерниот центар во БАС-Битола.
Ново на Сител
-
Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
-
Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора
-
Странските криминалци осудени во Велика Британија веднаш ќе бидат депортирани
-
Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа
-
Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села
-
Акциска контрола во Скопје: Казнети 99 возачи, приведени двајца малолетници, санкции за угостителски објекти
-
Од вкупно 22 пожари на отворен простор низ државата, активен е само пожарот во Националниот парк Јасен
-
Стармер и Макрон ветија дека ќе работат за праведен и траен мир во Украина