Три здравствени установи добија сертификати од Агенцијата за квалитет и акредитации

Универзитетската клиника за кардиологија, Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле и Универзитетската клиника за детски болести се првите три здравствени установи кои денеска добија едногодишни сертификати од Агенцијата за квалитет и акредитации на здравствени установи во Македонија.
Премиерот Емил Димитриев честитајќи им на првите три акредитирани здравствени установи упати порака дека здравјето на граѓаните и нивната здравствена заштита се врвен приоритет во сите владини програми и стратегии.
- Болниците и здравствените служби се витални компоненти на секое добро организирано и хумано општество и затоа здравствениот сектор е тој кој секогаш има приоритет при распределбата на ресурсите. Должност на Владата е да ја поддржува и континуираната едукација за обезбедување квалитет на сите нивоа, рече меѓу другото Димитриев.
Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров потенцира дека во изминатиот период здравствнеиот систем во Македонија континуирано се развива, надградува, осовременува и со крупни чекори се движи кон достигнување европски и светски стандарди, со единствена цел да се обезбеди што е можно поквалитетни здравствени услуги за сите граѓани во државата. Тој најави дека треба да се акредитираат сите здравствени установи во државата, по што следува секоја година проверка на тоа дали се задржани условите кои ги исполниле.
На новинарско прашање што ќе значи акредитацијата за лекарите, а што за пациентите, Тодоров истакна дека стандардизирањето на квалитет значи дека во се се почитуваат определени протоколи за работа, со кои се намалува можноста за грешка, за интерхоспитални инфекции, а се зголемува ефикасноста и ефективноста на персоналот, во правец на намалување на болнички денови, а со тоа и порационално користење на буџетите од јавните здравствени установи.
- Идејата е со почитување на овие стандарди во континуитет да се овозможува развој и зголемување на ефиканоста на функционирањето на здравствените установи, изјави министерот Тодоров.
Ново на Сител
-

Трамп ќе воведе дополнителни царини за 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ
-

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
-

Седум лица убиени, 11 ранети во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк
-

Рубио: Вашингтон смета дека Хамнеи сè повеќе се вклучува во водењето на земјата
-

Без струја делови од Бутел
-

Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
