-->
-->
Три пожари изминатото деноноќие во Кумановско
-->
Кумановските пожарникари изминатото деноноќие интервенирале на три пожари.
Како што соопшти денеска РЦУК Куманово, тројца со едно противпожарно возило гаснеле запалена сува трева во населбата „Перо Чичо“ од 10:20 до 11:00 часот, додека по еден час, четворица нивни колеги интервенирале на запалено стрниште на површина од пет хекатри во кумановското село Романовце. Пожарот бил локализиран во 14.15 часот.
Од 15:10 до 16.35 часот е интервенирано на опожарена сува трева со површина од 2.000 метри квадратни во Новосељане. Во гаснењето биле вклучени четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи