Три нови случаи на ебола во Конго
Во Демократска Република Конго се потврдени три нови случаи на ебола, соопшти Министерството за здравство на таа земја.
Во соопштението се наведува дека овие случаи се регистрирани во Мбандака, град со околу 1,5 милиони жители, кој се наоѓа на реката Конго и е поврзан со Киншаса со многу речни врски.
Уште еден непотврден случај е забележан во текот на вчерашниот ден.
Бројот на починати од ебола во ДР Конго, според Светската здравствена организација (СЗО), се искачи на 25 од досегашните вкупно 45 случаи.
Епидемијата изби на почетокот на месецов во руралното подрачје во северозападниот дел на ДР Конго и се прошири во Мбандака. Тоа е деветта епидемија на ебола во ДР Конго од 1976 година.
Ебола или хеморагична треска е многу е заразно и смртоносно вирусно заболување.
Ново на Сител
-
Членовите на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата
-
Вулин: Не треба да влеземе во ЕУ ако цената е признавањето на Косово
-
Град Скопје: Нов зелен појас на кејот на Вардар
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ
-
Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да преговара со Бугарија
-
Валандовец запалил возило на сограѓанин
-
Вечерва во прекин сообраќајот на патниот правец Куманово – Лопате
-
Краделе од нива, приведени три лица од Кавадарци