-->
-->
Три нови репрезентации обезбедија пласман на СП во Германија
-->

Репрезентациите на Србија, Унгарија и на Шпанија изборија пласман на Светското првенство во ракомет за жени откако по реванш бараж дуелите имаа подобар скор од своите противници, па им се приклучија на Шведска и Романија кои претходно успешно го минаа баражот. Србија ја победи Италија со 34:16, Унгарија одигра нерешено 24:24 со Словачка и ја зачува предноста од првиот дуел, а Шпанија беше подобра од Украина со 22:20.
Резултати на синоќа одиграните дуели: Србија – Италија 34:16 (67:39 вкупен резултат), Словачка – Унгарија 24:24 (43:52) и Шпанија – Украина 22:20 (46:44).
Денеска се играат последните четири натпревари од баражот: Белорусија – Црна Гора (26:33 прв натпревар), Полска – Русија (20:31), Словенија – Хрватска (28:23) и Турција – Чешка (25:29).
На вчера одиграните дуели: Шведска – Македонија 46:27 (77:47 вкупен резултат) и Австрија – Романија 24:33 (67:53).
Пласман од европската зона на ракометниот Мундијал имаат обезбедено уште и: Норвешка, Данска, Холандија и Франција како првопласирани од Европското првенство 2016 и Германија како домаќин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот