Три метални топчиња извадени од надлактицата на старицата од Манастирец во која пукаше внукот
Три метални топчиња биле извадени од надлактицата на 81 – годишната жена од Манастирец во која синоќа испукал од воздушен пиштол неколку дијаболи 33 – годишниот внук, по кратка семејна расправија. Операцијата поминала добро, потврди за МИА Благој Митев, хирург од хируршкото одделение при Општа болница со проширена дејност Кавадарци.
-Трите метални кугли беа на различни локации во пределот на десната надлактица. Пациентката е во стабилна и добра состојба, ќе остане на одделението за хирургија заради следење на нејзината состојба, рече докторот.
Металните кугли биле дадени на вештачење.
Претходно, портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информираше дека 33 годишникот бил лишен од слобода, бидејќи синоќа околу 22 часот со воздушен пиштол испукал неколку дијаболи кон 81 годишната жителка на росоманското село Манастирец, нанесувајќи и повреди. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Почна конститутивната седница на Собранието
-
Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани
-
Викендов ќе се одржи адреналинскиот фестивал „SAMOKOV XTREME“ за промоција на убавините на Поречието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ