Три медицински сестри од штипската Клиничка болница ставени во изолација

Три медицински сестри од одделенијата за анестезиологија, хирургија и хирушки сали од штипската Клиничка болница од денеска се во изолација. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека изолирањето на трите медицински сестри доаѓа по направената епидемиолошката анкета на лекарот и болничарката, кои работеле на Инфективното одделение.
-Трите медицински сестри имале контакти со заразениот лекар од Неврохирургија, кој беше анагажиран во системот за ротации за работа на Инфективното одделение. Од вчера во изолација е и неговиот колега од ова одделение, вели Ѓеорѓијев.
Останува и понатаму проблемот со недостиг на инфектолози. Во моментов на одделението, кое е од регионален карактер, работат само двајца инфектолози, а третиот е на боледување. Но, како што вели Ѓеорѓијев, проблемите ги надминуваат со ангажирање на лекарите специјалисти од другите одделенија, кои им помагаат на инфектолизите.
Во врска со состојбата со коронавирусот во Затворот во Штип, таму деветтмината изолирани осуденици до денеска немаат појавено симптоми, нивната состојба во моментов ја следи медицинскиот техничар, а лекарот го чека резултатот од тестирањето, кој бил во контакт со заразениот осуденик. Доколку тестот на лекарот се покаже позитивен, во тој случај директорот на Затворот во Штип, Мики Тодоров вели дека од страна на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип треба да се анагажира друг лекар, кој ќе се грижи за здравјето на осудените лица. Направена е и реорганизација во самиот затвор, по вчерашниот прв позитивен случај на коронавирус, кај осуденик.
Ново на Сител
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
