Свет
25. July 2015 - 12:41

Три лица загинаа во земјотресот во Пакистан

Во потресот со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала што денеска го погоди северниот дел на Пакистан, загинаа најмалку три лица.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 26 километри, а оддалечен е 15 километри североисточно од Исламабад, соопшти Американскиот геолошки завод.

- Две жени и едно деветгодишно дете настрадлале кога се урнала нивната куќа во Аботабад, на 50 км од Исламабад, изјави Шер Акбар Кан, висок полициски претставник.

Потресот се почувствувал во Исламабад и во други градови на покраината Пунџаб и Кибер Пактунква.