Loading Video...
Свет
2. February 2023 - 12:19

Три лица загинаа во руски ракетен напад врз станбена зграда

Најмалку три лица загинаа а дваесет се повредени во новиот руски ракетен напад врз Украина. Еден проектил погодил станбена зграда и оштетил уште седум во источниот украински град Краматорск, соопшти украинското МВР.

Ова е прв напад со жртви овој месец откако најмалку 44 лица загинаа минатиот месец во сличен напад врз станбен објект во градот Днипро.

украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников предупреди дека овие напади се најава дека Русија подготвува нова голема офанзива која би можела да почне на 24 февруари. Тој очекува дека регрутираните војници ќе пробаат да извршат голем напад на првата годишнина од почетокот на инвазијата.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пак рече дека неговата земја сака да запрат воените дејствија но дека западот е против тоа. Најави дека руските сили ќе одоговорат на испораката на западно оружје со долг дострел во Киев со тоа што ќе ги протераат украинските сили подалеку од руските граници за да создадат безбедна тампон зона.