Свет
29. јуни 2019 - 21:26

Три лица загинаа во поплавите во Русија

Три лица загинаа во поплавите во Иркутската област, a 351 се повредени меѓу кои и 33 деца, соопшти денеска претставник на руското Министерство за вонредни состојби.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин е информиран за ситуацијата со поплавите, но не одговори дали планира да го посети регионот.

Поројните дождови предизвикаа поплави во Иркутската област, каде се поплавени 3.700 домови на околу 9.000 жители. Поплавите погодија 31 населба.