Три лица во Скопје пријавиле напади од кучиња
Три нови случаи на напади од кучиња биле пријавени вчера во полициски станици во Скопје, сооппшти МВР.
Г.Ј.(27) од Скопје вчера во 22 часот во полициската станица Аеродром пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот, додека се движел по улица „Божидар Рајковиќ“, бил нападнат од куче скитник при што му била нанесена повреда на левата нога.
Љ.А.(58) од Скопје вчера во 23:50 часот во полициската станица Карпош, пријавила дека истиот ден околу 19:30 часот на улица „Волгоградска“ била нападната од три кучиња скитници, при што од едното била касната на левата нога.
Ј.М.(40) вчера во 10:00 часот пријавил во полициската станица Аеродром дека претходниот ден додека се движел по булеварот „Србија“, бил нападнат од куче-скитник, кое го каснало во пределот на десната потколеница.
Тој се упатил на лекарски преглед во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била санирана повредата.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња