Три лица убиени во Источна Украина
Двајца украински војници и една жена- цивил, се убиени во последните 24 часа во источна Украина, соопштија денеска завојуваните страни, пренесува БТА.
- Двајца украински војници се убиени и осуммина повредени, соопшти на прес-конференција портпаролот на украинската армија Андриј Лисенко. Тој додаде дека најтешка е ситуацијата во Широкино, населба на околу 20 километри источно од стратешкото пристаниште Маривпољ. Таму загинал едниот од војниците, а другиот е убиен во соседното село Талакивка.
Висок претставник на сепаратистите Едвард Басурин изјави дека блиску до Новоазовск, во јужниот дел на самопрогласената Доњецка народна република, била убиена една жена, а друга била повредена.
Конфликтот меѓу проруските сепаратисти и централната власт во Украина трае подолго од две години. Од почетокот во април 2014 година загинаа над 9.600 луѓе. И покрај објавеното примирје, редовно доаѓа до судири.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност