Три лица уапсени и спроведени во затвор, еве зошто

Вчера во 15.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.З.(27) од Гостивар, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психостропни супстанци и прекурсори“. После тоа, Ф.З. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Тетово“ за издржување на затворската казна.
Вечерта во 21.40 часот, полициски службеници на СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле И.П.(31) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 235 и 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.
Вчера исто така, врз основа на Наредба од Основен суд Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Л.О.(21) од с.Ропаљце, општина Липково, кој се барал за издржување на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Ноќета околу 01.00 часот тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
