Македонија
28. November 2025 - 13:17

Три лица приведени поради закани кон кавадарчанец и член на неговото семејство

Три лица биле приведени во текот на вчерашниот ден, поради закани кон кавадарчанец и член на неговото семејство, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Вчера од 17:40 до 19:00 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги лишија од слобода А.М.(38) и Б.М.(30), двајцата од Кавадарци и Ј.В.(32) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од Р.П.(30) од Кавадарци, дека му упатувале закани нему и на член на неговото семејство, појаснија од СВР - Велес.

Тие биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што истакнаа од СВР - Велес, ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

 

МИА