Три лица повредени во меѓусебна пресметка

Три лица се повредени со остри предмети ноќеска околу 00:20 часот на ул.„376“ во Скопје од четворица напаѓачи.
Причина за пресметката, како што соопшти полицијата, било меѓусебно нетрпение.
Околу 03:10 часот во полиција било пријавено дека околу 00:20 часот во Скопје на ул.„376“, Ш.И. (49), В.Д. (25) и С.И. (43) биле нападнати со остри предмети од страна на Б.И. (43), Т.И. (34), С.Ш. (20) и уште едно засега непознато лице.
Повредените биле пренесени во Ургентен центар Скопје каде им биле констатирани телесни повреди.
Бил извршен увид на местото на настанот, а подигнати биле траги од крв и еден нож за кој се претпоставува дека бил употребен при насилството.
Во Полициската станица Бит Пазар приведени биле Б.И., Т.И. и С.Ш. за расчистување на настанот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
