Три лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје
Три лица се полесно повредени во три сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во две сообраќајки е причинета материјална штета.
Според билтенот на СВР Скопје, евидентирани се 14 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени седум возачи кои биле под дејство на алкохол, седум возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и четворица возачи почетници.
Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 14 нерегистрирани возила.
На црвено светло поминале осум возачи, 11 користеле мобилен телефон додека возеле, а петмина не носеле сигурносен појас.
Изминатото деноноќие издадени се и 99 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 92 возила.
Одделението за превенција денеска треба да одржи посебна воспитна мерка – сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани кои во својство на пешаци направиле различни прекршоци
Ново на Сител
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген

