Три лица фатени како крадат гориво од товарно возило
Три лица, од кои двајца возразни и еден малолетник, биле фатени изминатата ноќ од полицијата додека краделе нафта од паркирано товарно возило „Ман-влекач“ сопственост на фирма од Мала Речица, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Р.С.( 28 ) од Добарце, А.С.( 21 ) од Желино и 16 годишник од истото село биле забележани како околу 1 часот и 30 минути на улицата „Илинденска“ во Тетово со пластично црево од резервоарот на „Манот“ извлекле од 300 до 320 литри нафта. Во нивното товарно возило „Асија“ со тетовски таблици што го управувал А.С. и со кое дошле на местото биле пронајдени две канти со по 50 литри гориво, пластично црево и два ножа.
- Пронајденото е фотодокументирано и одземено за вештачење додека А.С. и Р.С. се приведени и задржани во Полициската станица Тетово.По расчистувањето и документирањето на случајот тие ќе се соочат со поднесок, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила