Три интервенции на пожарникарите во Куманово
Територијалната противпожарна единица Куманово, вчера интеревенирала во три наврати, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи.
Кумановските пожарникари интервенирале во периодот од 13,00 до 13,17 часот на запален автомобил „опел астра„ пред супермаркетот „Туш„. Пожарот на автомобилот го локализирале пет пожарникари со едно противпожарно возило.
Кумановските пожарникари, вчера интервенирале и на опожарена нива со пченица и стрниште. Пожарот во малата Слатино, во атарот на кумановско Тромеѓа го локализирале пет пожарникари и едно противпожарно возило во периодот од 17.20 до 19.35 часот.
Последната интервенција е на запалена сува трева на градските гробишта од 18.45 до 19.25 часот, кога е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.
Ново на Сител
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство