Три иницијативи и едно барање за заштита на слободи и права утре пред Уставен суд
– Уставниот суд на седницата закажана за утре ќе разгледа три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и едно барање за заштита на слободи и права.
Пред судиите ќе се најде иницијативата поднесена на членот 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи.
Во наводите на инцијативата, како што информираат од Судот, се наведува дека со измената на Законот за работни односи, се повредува уставното начело на еднаквост и начелото за владеењето на правото и правната сигурност, при што во конкретниот случај, одредени стопански и нестопански дејности како здравството, универзитетите, судството се ставени во поповолна ситуација, со што на посреден начин се заобикува Законот за работни односи, односно се отвора можност со друг закон поинаку да се регулираат односите поврзани со престанок на договорот за вработување. Подносителот наведува дека со сите горенаведени тврдења се прави нееднаков третман на работниците.
На дневен ред на седницата е ставена и иницијативата поднесена на член 87 став 2 од Законот за административни службеници. Подносителот на иницијативата наведува дека со оспорената одредба службениците остваруваат различна основна плата за иста работа на исто работно место и затоа во иницијативата се наведува дека се прави директна повреда на членот 32 став 3 од Уставот кој меѓу другото предвидува дека секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место.
Третата иницијатива што ќе биде разгледана на денешната седница е за членот 22 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи. Според подносителот на иницијативата, во периодот кога бил креиран оспорениот член 22 став 1 од Законот, во членот 117 став 4 од целината на Законот не постоеле зборовите: „кај истиот работодавач“. Се наведува дека со оспорената одредба се надополнува содржината на членот 117 став 4 која ниту суштински ниту содржински не ги содржи зборовите на кои се повикува. Сето ова според подносителот е спротивно на членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
Ново на Сител
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа