Три дена до крајот на изборната кампања - еве каде ќе има митинзи

На три дена до крајот на изборната кампања денеска партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори продолжуваат со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ѓорче Петров и во Куманово, а Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинзи во скопските општини Шуто Оризари и Чаир, додека Демократската партија на Албанците ќе има митинг во Струга, а изборниот караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, ќе ја посети општина Карпош, каде ќе има средба со граѓани, а попладне ќе одржи митинг во општина Кисела Вода.
Коалицијата Алијанса за Албанците, според нивната изборна агенда, ќе одржи митинг во Гостивар.
Пред граѓаните во текот на денот ќе биде претставена изборната програма и од страна на носителите на кандидатски листи за пратеници.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
