Бизнис
29. November 2021 - 21:18

Три дена блокада на железничкиот сообраќај

Бизнисот во проблеми поради блокадите на железничкиот транспорт. Возовите стојат по пругите, нарачките не може да се реалзираат. Фирмите нижат загуби - но колку ќе изнесуваат допрва ќе се пресметува. Стравуваат дека состојбата наскоро нема да се нормализира, а друг начин  за транспорт нема.  За да  си ја вршат  работата единствено на располагање ги имаат вагоните на македонски железници.

Сметаат дека е време за целосна либерализација на пазарот,  за да не се соочуваат фирмите со вакви проблеми.

Машиновозачите пак цврсто стојат на ставот - без исплата на вториот дел од платата за октомври, возовите нема да тргнат.

Од раководството на претпријатието трет ден молк. Нема никаква информација дали воопшто се бара начин и кога би се исплатиле овие пари.

Од буџетот на министерството за транспрот за МЖ Транспорт обезбедени над 6 милиони евра, од кои најголем износ досега е префрлен. Парите се за покривање на загубите во патничкиот сообраќај.

Машинскиот персонал во МЖ Транспорт трет ден со ред протестира со целосна блокада и на патничкиот и на товарнио сообраќај.  Овие прекини се се почести. Инаку претпријатието долго време работи со загуби. Минатата година беше споменато дека е меѓу оние фирми за кои се размислува да се приватизира,  пркеу модел на јавно - приватно партнерсто.