-->
-->
Три автомобили учествувале во сообраќајката на патот Прилеп - Градско
-->
Три патнички автомобили учествувале во сообраќајката на магистралниот пат Прилеп-Градско утрово во 7.30 часот во близина на месноста Раечка Спирка, кога беа повредени две лица, информираше попладнево Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
- Станува збир за „фолксваген голф" со регистерски ознаки од Пробиштип, „тојота" со регистерски ознаки од Неготино и „рено" со скопски регистерски ознаки, соопшти Стојковска.
Во несреќата се повредени две лица на возраст од 46 и 33 години, сопатници во патничките автомобили „тојота" и „рено" и биле пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.
Во периодот од 7.30 до 9 часот сообраќајот на наведената делница беше целосно во прекин.
Увид на местото на настанот изврши уидна екипа од СВР Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори