Три автобуси исклучени заради техничка несиправност во Гостивар
Сообраќајната полиција при вчерашните контроли на возила што спроведуваат јавен превоз на патници открила повеќе неправилности. Откриени се три автобуси со несправни сопирачки и еден возач без возачка дозвола.
Од СВР Тетово информираат дека на гостиварското подрачје контролирале вкупно 12 возила (минибуси и автобуси).
– Кај три била констатирана техничка неисправност на уредите за сопирање, додека едно од возилата го управувало лице без положен возачки испит, односно без возачка дозвола. Трите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите и правните лица изготвени им се законски предвидените поднесоци, наведуваат од СВР Тетово.
На ова подрачје, вчера, откриени се и 11 пречекорувања на дозволената брзина, додека на тетовското подрачје вкупниот број на откриени прекршоци изнесувал над шеесет.
Прекршоците во Тетовско заокужени се со 16 прекршочни, 30 мандатни платни налози и 14 писмени опомени. Најбројни прекоршоци биле неприлагодена брзина, односно пребрзо возење, управување без возачка дозвола, непрописно паркирање, истечена регистрација и други. з
Ново на Сител
-
Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени
-
Љутков: Установите од културата сега имаат повеќе пари за програми и проекти зашто буџетот не им се крати за исплата на плати
-
Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027
-
Вардар – Пелистер во првото коло од новата сезона на ПМФЛ
-
Приведени четири странски државјанки во Гостивар поради злоупотреба на туристичкиот престој
-
Во изминатото деноноќие 28 пожари, активни се три
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките