Трговска војна Кина - САД: На удар производите на Хуавеи
Големиот синџир продавници за електронска опрема од САД Бест Бај наскоро ќе престане да продава мобилни телефони од кинескиот производител Хуавеи.
Потегот на Бест Бај доаѓа откако компаниите како Еј-Ти-Енд-Ти исто така престанаа да нудат телефони на Хуавеи, и е најновиот чекор во трговската војна меѓу Кина и САД.
Компанијата од Минеаполис не соопшти која е причината за прекинувањето на соработката со Хуавеи, а и кинеската компанија не откри детали за спорот.
- Хуавеи ги продава своите производи во низа водечки американски малопродажни синџири. Нашите производи ги исполнуваат највисоките безбедносни и инженерски стандарди во индустријата, соопшти Хуавеи.
Освен трговските спорови, постои уште една можна причина за одлуката на Бест Бај. Минатиот месец неколку сенатори предложија закон со кој ќе се забрани продажбата на телекомуникациска опрема произведена од Хуавеи поради страв дека кинеските власти преку неа ги шпионираат САД.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Власта и опозицијата различно ги читаат бројките на државната статистика
-
Тема на денот со Венко Филипче, СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Во АНБ се следеле комуникации на новинари, јавен обвинител, поранешен министер, но и премиерот Мицкоски
-
Обвинетиот за нападот врз Арсовска тврди дека е тој жртва, го удрила со нога
-
Обвинение за нападот на млади фудбалери
-
Почнуваат активностите за третата фаза од пругата кон Бугарија