Трговец муслиман во Шкотска убиен затоа што го честитал Велигден
Асад Шах (40), сопственик на продавница за прехранбени производи во Глазгов, е убиен со повеќе убоди од нож.
Шкотската полиција соопшти дека успеала да открие и да уапси едно лице кое е осомничено за поврзаност со убиството на Шах.
Убиениот, како и неговиот оосмничен убиец се муслимани, па полицијата верува дека убиството било мотивирано од религиозни причини.
Убиството се случило само неколку часа откако Шах на интернет им ги честитал Велигденските прзници на своите потрошувачи христијани.
Според полицијата, постапката на Шах, кој во пораката напишал дека им го честита празникот на сите христијани во „оваа пред се христијанска земја“. предизвикала гнев кај убиецот, кој веројатно е радикализиран муслиман.
Тој го начекал Кан кога излегувал од неговата продавница, а потоа го нападнал, нанесувајќи му убоди со нож и оставајќи го во критична сосотјба на тротоарот. Кан починал на пат кон болницата.
Убиството на Шах предизвика шокираност, затоа што тој важел за мирен и омилен човек, поради неговата љубезност и коректност кон сите купувачи
Младите од квартот каде се случи убиството, преку интеренет покренаа акција за материјално да му помогнат на семејството на убиениот.
Според шкотските медиуми, на апелот веднша се одзвале повеќе од три илјади лица, кои досега успеале да соберат над 60 илјади фунти.
На комеморацијата за Шах, одржана во Глазгов се собрале повеќе од 400 жители на градот, а меѓу нив и првиот министер на Шкотска, Никола Старџен, која е пратеник од изборната едница каде беше извршено убиен.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка