Бизнис
21. September 2023 - 16:31

Трговците ја почитуваат „гарантираната цена“, Пазарниот инспекторат не пронашол прекршување на мерките

Маркетите ги поевтинија основните производи. Пазарниот инспекторат до сега не изрекол ниту една казна. Министерот Бектеши е задоволен – владината мерка за намалување на цените од најмалку 10 отсто, генерално се почитува. Граѓаните можат да пазарат по пониски цени, а од следната недела ќе поевтинат и алкохолните и безалкохолни пијалоци. Обврска  да ја почитуваат мерката имаат и производителите и дистриибутерите, што значи не смеат да не доставуваат производите во маркетите, вели Бектеши. Тоа значи дека оние кои вчера одбија да достават месо овошје и зеленчук, за да го продадат без фискална во своите продавници и на пазарите, ќе мора да доставуваат во маректите, ако не сакаата да заработат канзи.

„Имајќи предвид дека освен задолженија за ланците супермаркети или во делот на малопродажбата, во владината Одлука има задолженија и за добавувачите и производителите. Утрово имавме дополнителна координација со ДПИ кој од вчера попладне веќе вршеше контроли. Во моментот се во тек различни контроли и тоа ќе продолжи до крајот на ноември. Ако граѓаните забележуваат дека вакви работи може да се случуваат, да пријават во Инспекторатот и согласно законските одредби и задолженијата што ги добиле, тие ќе постапат и за нив ќе следи тоа што е предвидено во законските прописи“, изјави Бектеши.

Изминатиов период како главен виновник за поскапувањето на храната надлежните ги обвинија макеретите, кои сакале да профитираат врз грбот на граѓаните. Трговците велат декa се грiжат за стандардот на граѓаните, и не се тие виновни за поскапувањето.

Вчера Стопанската Комора на северозападна Македонија обвини дека владата со ваквите мерки се меша во пазарната економија, што може да резултира со поттикнување на сивата економија. Но министерот Бекетши реплицира дека владат не носи одлуки за за личните интереси на одреди членови на Комората, туку за граѓаните. Мерките, како што вели се донесени во консултација со сите Стопански Комора. Инаку  замрзнати цени на 24 категории производи ќе се применуваат до 30 ти ноември.