Безбедносните камери го снимија моментот кога девојчињата кришум побегнале од градинката. Едната од нив ја зела со себе и плишаната играчка, а другата немала ниту ракавици.
Едната мала бегалка, Лена моментално е во болница во Јакутск, зошто има смрзнатини на три прсти, објавија локалните медиуми.
Нејзината мајка Евдокија Кутукова забележала дека ќерката и исчезнала кога дошла по неа во градинка и видела дека и ја нема јакната.
Веднаш се кренала тревога и брзо е утврдено дека ја нема и најдобрата другарка на Лена, чие име не е објавено. Кутукова наведува дека тогаш и се јавил дедото и и рекол дека Лена само што стигнала дома, сама, смрзната и расплакана. Нејзиот маж навел дека на Лена некое непознато лице и дало шал кој и помогнал.
Другото девојче чие име не е соопштено, се изгубило на пат до дома и е пронајдено еден час подоцна. Таа доживеала состојба на хипотермија, но е пуштена дома кога ја прегледале докторите.
Во врска со случајот покрената е истрага.