-->
-->
Трето вонредно авионско прскање против комарци во Велес
-->
Општина Велес утре ќе спроведе трето - вонредно авионско прскање против комарци. Акцијата следи по бројните реакции на граѓаните на Велес деновиве, за наезда од комарци и болни каснувања со отоци по телото.
Како што информира за медиумите Дуњамин Мехмед од службата за информирање на Општина Велес, третото вонредно третирање против комарци ќе се спроведе утре изутрина од 5.00 до 8:00 часот и ќе го опфати целото градско и приградско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег, како и рекреативниот центар Езеро „Младост“ со непосредната околина.
Од општината апелираат до пчеларите дека во времето на третирање и неколку часа потоа, треба да ги затворат кошниците со пчели, заради безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден, информираат од општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор