Трета регионална работилница за окрупнување на земјоделското земјиште

Во Струмица денеска ќе се одржи третата регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјоделско земјиште кај земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште.
Работилницата ја организира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) со поддршка на проектот МАИНЛАНД, финансиран од ЕУ и спроведуван од ФАО. Целта е да се зголеми локалната свест и разбирањето на придобивките од окрупнувањето на земјоделско земјиште.
Присутните претставници на локалните земјоделски организации, села и единици на општините, како и локалните партнери од југоисточниот и вардарскиот регион, ќе се информираат за принципите и постапките за консолидација согласно соодветниот закон во насока на спроведување на Националната стратегија за консолидација на земјиште 2012-2020 година, за претстојната селекција на најпогодните области за консолидација и за тоа како да изразат интерес за новите консолидациски проекти.
Најавени се обраќања на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини и главниот технички советник од проектот, Вилма Даугалиене.
Во изминатите три недели, сектори и подрачни единици на МЗШВ и советници од Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) беа обучени како да ги идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште и како да работат со земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште за изразување интерес за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште.
Две регионални работилници веќе се реализираа во Гостивар и Битола. Четвртата регионална работилница е закажана за 14 ноември во Штип. По овие настани, проектниот тим, заедно со претставници на МЗШВ и АПРЗ, ќе спроведе локални информативни состаноци во целните села, за да им помогне на потенцијалните кандидати да аплицираат како корисници на проекти за консолидација на земјиште. Овие активности треба да помогнат во изборот на проектни области со најголем потенцијал и интерес за консолидација што се очекува да се случи до крајот на декември 2017 година.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
